3.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Тајсон Фјури има само еден услов за да се врати од пензија и да се бори против Џошуа

Поранешниот британски боксер Тајсон Фјури (37) би можело да се врати од пензија и да се бори против Ентони Џошуа (36), откри неговиот менаџер Френк Ворен.

Фјури се пензионира претходно оваа година, по вториот последователен пораз од Олександр Усик, оставајќи го боксерскиот свет без долгоочекуваниот дуел меѓу најдобрите британски боксери на векот.

Сепак, откако Џошуа го победи Џејк Пол, тој веднаш го повика Фјури во рингот и му понуди борба, а Ворен откри дека нивниот меч всушност би можело да се случи.

Ворен во интервју за „Скај спортс“ откри дека Фјури ќе ја прифатил борбата, но дека има само еден услов.

„Фјури ќе се бори само ако парите се доволно добри. Тој верува дека може да го победи Џошуа, но ќе влезе во рингот само ако сумата што му е понудена е доволно добра. Тоа е голема борба и вреди многу пари, а Тајсон има своја цена“, рече Ворен.

Со оглед на трендот во боксерскиот свет во последните години, едно е сосема логично – борбата да се одржи во Саудиска Арабија.

„Парите ќе диктираат каде ќе се одржи борбата, едноставно тоа е. И Фјури и Џошуа се професионалци, тие примаат удари за пари“, додаде Ворен.

- Оглас -

Најнови вести