Славниот боксерски шампион Тајсон Фјури реши да влезе во светот на фудбалот. Фјури кој во боксерската кариера нема ниту еден пораз, вложи пари во локалниот клуб Морекомб, кој се натпреварува во Лига 1, што е трета лига по силина во Англија.
Фјури е роден во Манчестер но поголем дел од неговиот живот и целата боксерска кариера ја помина во Морекомб, па од таму и неговата љубов кон овој клуб.
„Голема вест. Џипси Кинг станува спонзор на мојот локален клуб Морекомб. Нашата цел е да одработиме одлична сезона и да „растураме“. Ајде момци и девојки“, оптимистички најави Фјури.
На опремата на Морекомб ќе биде испишано името на брендот на Фјури „Џипси Кинг“.