Мајк Тајсон не успеа да го круниса својот долгоочекуван камбек во рингот со победа. Легендарниот 58-годишен боксер беше поразен од 27-годишниот Џејк Пол, но откри дека претходните месеци се борел со сериозни здравствени проблеми.
Првично, борбата со Пол беше закажана за 20-ти јули, но беше одложена поради здравствените компликации на Тајсон. Според официјалните информации, тој страдал од чир на желудникот, но ситуацијата била многу посериозна отколку што се мислело.
This is one of those situations when you lost but still won. I’m grateful for last night. No regrets to get in ring one last time.
— Mike Tyson (@MikeTyson) November 16, 2024
I almost died in June. Had 8 blood transfusions. Lost half my blood and 25lbs in hospital and had to fight to get healthy to fight so I won.
To…
„Во јуни за малку ќе починев. Имав осум трансфузии на крв. Загубив половина од крвта и 11 килограми додека бев во болница. Морав да се борам за да оздравам и да се вратам во рингот“, напиша Тајсон на Твитер, додавајќи дека токму поради ова се чувствува како победник.
Иако борбата не понуди голем спектакл во рингот, привлече огромно внимание. Според „Нетфликс“, борбата ја следеле најмалку 60 милиони луѓе, а останува да се види дали ова беше последниот пат кога Тајсон ќе се појави во рингот.
Од борбата, Тајсон заработи 20 милиони долари, додека неговиот противник, Џејк Пол, инкасираше дури 40 милиони долари.