Легендарниот боксер Мајк Тајсон вели дека е подоготвен да влезе во рингот против јутјуберот кој подоцна стана и боксер, Џек Пол. Борбата требаше да биде на 20 јули, но е одложена поради здравствени проблеми на Тајсон.
Некогашниот светски шампион во тешка категорија вели дека сега е подготвен за дуелот кој треба да биде на 15 номеври. Тајсон има 57 години и професионално во рингот нема влезено од 2005 година, односно речиси 20 години е надвор од професионалниот бокс, но вели дека е подготвен да го нокаутира Пол.
„Имав помал проблем. Се разболев, но сега се чувствувам добро и подготовен сум. Штом дојдам до Пол, ќе биде готов. Ќе бега, има да бега како да е крадец“, вели Тајсон, кој последниот меч на егзебициски план го имаше во 2020 година против Рој Џонс јуниор.
Сегашниот ривал на Тајсон, Пол, има 10 победи и еден пораз во професионалната кариерата. Пол има 27 години, што значи дека дури 30 години е помлад од Тајсон. Борбата треба да трае максимум осум рунди, а секоја рунда би траела по две минути.