Некогашниот светски првак во бокс во тешка категорија, „железниот “ Мајк Тајсон, призна дека во 1986 година, додека бил во зоолошка градина во Њујорк со својата тогашна сопруга Робин Гивенс, бил толку изнервиран од однесувањето на еден горила кон другите мајмуни во кафезот, што на чуварот му нудел 10.000 долари за да го пушти внатре. Идејата на Тајсон била да влезе во кафезот кај горилите и да му удри бокс на агресивното животно.
Тајсон, кој сега има 52 години, влезе во историјата како најмлад светски првак во тешка категорија, а познат е по многуте прекршувања на законот и чувањето егзотични животни. Тој имаше гулаби и три бенгалски тигри, па не може да се каже дека мразел животни, туку намерата физички да се пресмета со горилата со таканаречен сребрен грб била поради агресивниот однос кон другите горили во кафезот.
„И другите горили беа силни, но кај нив во очите се гледаше невиност. Му понудив на чуварот 10 илјади долари за да ме пушти да влезам во кафезот и да му го смачкам носот на тоа горило со сребрен грб. Но, чуварот одби“, вели Тајсон.