5.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Така е кога ќе погодите три аутсајдерски голеади, со 20 денари уплата до над 3.000 евра ќар (Фото)

Само три погодени пара на тикет на обложувач од скопската населба Даме Груев му донесоа огромна добивка.

Во уплатно место на Sport Life во Даме Груев биле уплатени минимални 20 денари на тикет кој има огромна вкупна квота од речиси 11.000, па потенцијалната бруто-добивка е 218.964 денари. Игрите на голови кои требало да ги постигнат аутсајдерски тимови му донесоа голема радост и добивка.

Прогнозирано е дека на Госпорт – Вејмут гостите ќе дадат барем еден гол во прво и два во второ. Вејмут загуби 3-4, но даде еден гол во прво и два во второ полувреме.

Потоа се чекало Тотенхем да даде гол во прво и барем два во второто полувреме против ПСЖ во Париз. И тука истото сценарио, Петлите од Лондон постигнаа еден во прво и два во второ, а го загубија мечот, како и на Олимпијакос – Реал Мадрид. Грците ги постигнаа бараните барем три гола и претрпеа пораз.

Во Sport Life во Гевгелија е исплатен тикет кој носел над 80.000 денари бруто-добивка со уплата од 140 денари.

Добивката е одлична, а точно се типувани четири меча од Лигата на шампионите во фудбал.

Од Арсенал и Аталанта се бараше да победат против Баерн, односно против Ајнтрахт, но на полувреме да биде нерешено. И така испадна. Во вториот дел беше скршен отпорот на германските екипи.

Многу поголема драма му донесоа тесните победи на шпанските тимови. Типувана беше победа на Атлетико над Интер во меч со гол(ови) во двете полувремиња, а Јорганџиите до победа од 2-1 дојдоа со гол во 93-тата минута.

На Реал Мадрид, кој гостуваше кај Олимпијакос, беше играно „два во два“ и да има два гола во второто полувреме. Кралскиот клуб водеше на полувреме, победи на крајот, паднаа три гола во вториот дел, но одбраната на Шпанците беше на големи маки во финишот и малку фалеше да не победат.

Ефикасните први полувремиња донесоа добивка за играч кој уплатил тикет во Sport Life кај скопски Бит Пазар. Со 500 денари уплата и погодено дека на четири меча од ЛШ двата тима ќе дадат гол во прво полувреме, овој играч имаше добивка од над 100.000 денари.

Прогнозрано е „Гол-Гол во прво полувреме“ на дуелите Олимпијакос – Реал Мадрид, Ливерпул – ПСВ, Арсенал – Баерн и ПСЖ – Тотенхем. Најкритично беше во Париз, каде што до 35-тата минута беше 0-0, а голот на Витиња во 45-тата минута беше клучен за овој тикет да биде добитен.

- Оглас -

Најнови вести