Хрватскиот првак Динамо Загреб летово планира да заработи над 50 милиони евра, се очекува заминување на дефанзивецот Јосип Шутало, но нема лесно да се откажат од него, загрепчани одбија понуда од Ајакс вредна 18 милиони за ценетиот репрезентативец на Хрватска.
Динамо нема да го пушти Шутало за помалку од 20-25 милиони евра. Клубот реши и да не продава играчи пред третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Шутало има договор до 2028 година, па не им се брза со негова продажба.