28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Така се сака клубот – 25.000 навивачи на Борусија Дортмунд ќе гледаат меч на тимот до 19 години

Во модерниот фудбал сè потешко е да се издвојат моменти коишто се за паметење и се вредни за зачувување.

А едни од ретките се и навивачите на Борусија Дортмунд, коишто денеска на „Вестфален“ ќе бидат 25 илјади на број да го проследат натпреварот на нивниот тим до 19 години против Атлетико Мадрид во четврт-финалето од младинската Лига на шампиони.

Средбата којашто е закажана за 16:30 часот првично требаше да се одигра на тренинг кампот на Борусија, но навивачите со раководството успеаја да издејствуваат и оваа средба да се игра на легендарниот стадион.

Покрај тоа, челниците на Борусија одлучија сите што купиле карти, парите ќе им бидат вратени и практично оваа средба можат да ја проследат бесплатно.

- Оглас -

Најнови вести