Кајзерслаутерн испиша историја во германскиот фудбал. Овој некогашен премиерлигаш се пофали дека успеа да продаде 32.682 сезонски билети за сезоната 2025/26. Овие бројки се доволни за поставување на нов рекорд во историјата на втората лига!
Во вкупниот ранг-листа според бројот на продадени сезонски билети во моментов, Кајзерслаутерн сега е на второто место во Германија!.
Јасно е дека на стадионот „Фриц-Валтер“ во новата сезона ќе има пеколна атмосфера, а навивачите на Кајзерслаутерн сигурно ќе сакаат конечно да се израдуваат на враќање во Бундеслига.