Елиф Елмас во моментов несомнено е нашиот најдобар и највреден фудбалер во репрезентацијата. Фудбалерот на Наполи со своите игри импресионираше во досегашниот тек од сезоната, а по паузата поради жолти картони против Италија, тој ќе ни биде од голема помош со Португалија.
Интересно е што турските медиуми открија дека директорот на Фудбалската федерација на Турција, Фатих Терим, попознат како „императорот“, сторил сè за да го убеди Дијамантот да игра за нивната селекција.
Во тие мигови, Елиф сè уште немаше дебитирано за А селекцијата на Македонија, а тоа од турската репрезентација сакале да го искористат со оглед на фактот дека нашиот репрезентативец има турско потекло.
Ова е уште еден доказ од страна на Елиф како се сака и како се бори за нашата репрезентација, а по игрите и настапите, се гледа дека не згреши што ја одбра Македонија.
Линк од текстот за Елиф Елмас можете да пронајдете ОВДЕ.