Некои фудбалери кога ќе добијат репрезентативен повик се двoумат дали да го прифатат или da go одбијат повикот со симулирање на повреда. Но, други, пак, без размислување би прифалите и да одат до „крајот на светот“.
Таков е случајот со Лисандро Мартинез, играчот на Манчестер јунајтед кој за да биде дел од националниот тим на Аргентина, која во моментов е во САД, ќе помине дури 28 илјади километри, додека се врати во Манчестер.
Тој леташе од Лондон до Аргентина (12 илјади километри), а потоа се упати од Буенос Аирес кон Мајами (7 илјади километри). Потоа, тој со националниот тим ќе се упати кон Њујорк (2.000 километри), а потоа следува пат назад до Англија којшто е долг седум илјади километри, или вкупно над 28.000 километри.
Потоа му следува меч со Манчестер сити, којшто се игра на втори октомври.