Легендата на Јувентус, Алесио Такинарди, на жесток начин го коментираше евентуалниот трансфер на Пауло Дибала од Јуве во Интер.
„Ќе ми беше чудно ако пред неколку години го видев Дибала, на пример, во дресот на Барселона. Но, тој во последните години си шетка по теренот. Кога ќе ја загубите острината во нападот, тоа е проблем. Мислам дека Дибала веќе го нема потребниот ритам“, вели Такинарди.
Во минатата сезона, 28-годишниот Дибала за Јувентус одигра 39 меча и постигна 15 гола.