Новогодишното коло во Премиер лигата донесе интересен фудбал, убави погодоци и два спектакуларни гола на Алиреза Јахабакш и на Себастиен Халер, но специјалниот ден го одбележаа и неколку катастрофални киксови.
На првиот ден од Новата 2020 година подароци делеа Флоријан Лежен, Леандер Дендонкер, Клаудио Браво…
https://www.youtube.com/watch?v=mhan_hfPEHs
Особено лоши беа реакциите на левиот бек на Њукасл, Лежен, кој и буквално им подари два гола на играчите на Лестер во меч што Њукасл го загуби со 0:3.
Двете кардинални грешки на Лежен, по кои Перес и Медисон постигнаа голови за Лестер, погледнете ги ОВДЕ.
И што е најинтересно, менаџерот на Њукасл, Стив Брус, не го смени очигледно индиспонираниот Лежен, туку го остави во игра цел меч, иако беше видливо дека се мачи и дека е убедливо најслабата точка во тимот против разиграниот гостин.