Таксист во Париз со нож избодел навивач на Манчестер ј.

Манчестер јунајтед синоќа направи еден од најголемите пресврти во историјата на нокаут-фазата во Лигата на шампиони откако со 3-1 го победи ПСЖ во Париз. Со оваа победа англискиот гигант си обезбеди место во четвртфиналето од елитната лига на УЕФА, а ПСЖ извиси уште една сезона, иако беше фаворит за трофејот.

Сепак дека не било сѐ перфектно за навивачите на Манчестер во Париз, се дозна по веста на „Дејли мејл“, кој известува за еден тежок инцидент. Таксист во Париз со нож прободел навивач на Манчестер. Англискиот фан е во болница и се бори за живот.

До инцидент дошло кога четворица симпатизери на Манчестер по мечот влегле во такси. Откако таксистот видел дека се работи за фанови на англискиот тим, застанал, извадил нож и директно во градите прободел еден 44-годишен навивач на Манчестер. Таксистот избегал, но денеска попладне бил фатен, иако не бил најден ножот со којшто бил извршен нападот.

- Оглас -

Најнови вести