Формула 1 шампионот Макс Ферстапен, триумфираше на денешната интересна трка за Големата награда на Канада.
Трката почна на дожливо време и тешки услови на мократа патека „Жил Вилнев“ во Монтреал, потоа патеката се сушеше и пак врнеше, имаше и безбедносно возило, а во овој хаос и бројни претркувања и откажувања, најдобро се снајде првакот кој дојде до 60-тата победа во кариера.
Второто место му припадна на Ландо Норис од Мекларен, додека трети беше Џорџ Расел од Мерцедес кој тргна од пол-позицијата. Дебакл доживеа Ферари, кој после катастрофата во квалификациите, имаа проблеми и денеска, па ни Леклер ни Саинс не ја завршија трката.