Леванте најверојатно ќе испадне од првата шпанска лига и летово ќе остане без најголем дел од своите најдобри фудбалери, меѓу нив и Енис Барди. Македонскиот репрезентативец летово ќе ја промени клупската средина, но Леванте сака да заработи на Барди, па еднострано ќе му го продолжи договорот до 2024 година.
Според радиото „Кадена сер“, Леванте ќе ја искористи опцијата што ја има во договорот со Барди, а тоа е до мај 2022 да може да му го продолжи договорот до јуни 2024, со што клубот би добил отштета кога Барди ќе си оди. Ако не ја искористи оваа опција, Леванте ќе остане со празни раце и Барди може да замине како слободен играч.
Барди од летото 2017 година е во Леванте.