Мрежите мируваат на отворањето од нокаут фазата во најелитното европско клупско натпреварување. На дуелите Манчестер јунајтед – ПСЖ и Рома – Порто по првото полувреме резултатите се идентични, 0-0, иако се очекуваше да „падне“ барем еден погодок.
По неколку шанси на двете страни на средбата на „Олд трафорд“, а најголемата ја промаши Анхел Ди Марија. ПСЖ можеше да дојде до предност откако Аргентинецот се најде сам пред голот на Де Хеа, но шпанскиот чувар на мрежата успеа да го спречи обидот на фудбалерот на гостите. И Мбапе се најде во слична ситуација, но неговиот удар заврши од надворешната страна на мрежата.
Џеси Лингард нема да може да го продолжи натпреварот откако се здоби со повреда, Алексис Санчес ќе ги одигра преостанатите 45 минути.
И на „Олимпико“ има тактичко надмудрување, домаќините се за нијанса поконкретни. Џеко можеше да ги израдува домашните навивачи откако си создаде простор да шут, но дирекот беше сојузник на Порто.