Јужна Кореја вчера стана 15-та земја која обезбеди место на завршницата на Светското фудбалско првенство во Катар. Во меч од азиските квалификации, Јужна Кореја со 2:0 победи на гости кај Сирија и веќе е сигурно дека ќе биде на една од првите две позиции на табелата.
Фаворитот двата гола ги постигна во второто полувреме, а мечот го одбележа доминацијата на фудбалерите што се викаат Ким кај гостите. Во стартниот тим на Јужна Кореја на голот беше Ким Сеунг-Гуа, а и сите четворица во одбраната беа Ким.
Освен овие петмина кои беа во почетниот тим, во второто полувреме за Јужна Кореја заиграа и Ким Гун-Хе и Ким Џин-Кја, што значи дека вкупно седуммина во составот на гостите беа на теренот со името Ким, што е вистински раритет во светскиот фудбал.