Тактиката за овој викенд: Уплати 100-че и добиј луда добивка (Фото)

Четири интересни тикети со убави добивки беа уплатени викендов во Sport Life, а тоа што е карактеристично за сите четири ливчиња е дека уплатата е само 100 денари. Вкупно четирите тикети уплатени со по 100 денари носат одлична добивка од над 340.000 денари.

КОГА САКА, САКА, ГОЛОВИ ВО 45+1, 88-МАТА И 90-ТАТА МИНУТА ЗА ДОБИТЕН ТИКЕТ

Два од четирите добитни тикети се од ист објект во Охрид. Првиот тикет е на тактика 2+ гола во првото полувреме и 4+ на крај. Само на пет вакви меча, со уплата од 100 денари, добивката е 104.172 денари.

Рен убедливо со 4:1 ја победи Троа, а домаќините само по 20 минути имаа предност од 2:0. И Риека дома беше убедлива против Шибеник и победи со 4:2, а домаќините на полувремето водеа со 2:0.

Во чешкото првенство, Млада Болеслав и Либерец одиграа 3:3 во меч на кој во првото полувреме беа постигнати три погодоци. Најдраматично беше во Серија Б на дуелот Бреша – Фрозиноне. Во првото полувреме Бреша изрмани на 1:1 со гол во 45+1 минута за да биде 2+ на полувремето. Во вториот дел беше уште подраматично затоа што до 88-мата минута немаше погодоци, а потоа двете екипи погодија по еднаш и на крајот беа постигнати посакуваните четири погодоци на овој меч за конечни 2:2.

На пријателскиот меч меѓу двете руски екипи Краснодар и Ростов, резултатот на крајот беше 2:2, а три погодоци беа постигнати уште во првиот дел, па немаше многу „тресење“ за тоа дали ќе биде 4+.

ФИКСОВИ ВО КОМБИНАЦИЈА СО ГОЛ-ГОЛ

И вториот добитен тикет уплатен во Охрид е со само пет натпревари и 100 денари уплата. Овојпат тактиката е играње на фиксови и гол-гол комбинација, и тоа на мечеви од атрактивните лиги.

Манчестер јунајтед со 4:2 го победи Лидс (2&ГГ), Вулверхемптон славеше над Лестер со 2:1 за 1&ГГ, додека Селтик се намачи на свој терен, но на крајот со 3:2 го победи Данди. Голот за триумф на Селтик беше постигнат во 86-тата минута.

Барселона беше убедлива на гостувањето кај Валенсија и победи со 4:1, додека Бетис исто така во финишот стигна до триумф од 2:1 против Мајорка. Добивката на овој тикет е 77.172 денари.

ГО ПОГОДИ ПОРАЗОТ НА МАНЧЕСТЕР СИТИ ОД ТОТЕНХЕМ, И ТОА СО КВОТА ОД 16.25

Во Битола сакаат да играат на високи коефициенти и да бркаат изненадувања, што се гледа и по тикетот на којшто има само три пара, но со 100 вложени денари, донесе добивка од 94.270 денари.

Мајсторски е одиграно на победа на Тотенхем на гости кај Манчестер сити во меч на кој ќе има три гола. Тотенхем водеше со 2:1 до 90-тата минута, кога Сити од пенал израмни на 2:2, но гостите не се предадоа и со погодокот на Хари Кејн во деветтата минута стигнаа до триумф од 3:2 и погоден коефициент од 16.25.

Ридинг ја прекина очајната низа од 12 меча без победа и со 3:2 славеше на гости кај Престон. Ридинг водеше со 3:0, а домаќините до крајот постигнаа два погодока, но немаа сила да се спасат од пораз.

Третата двојка зачинета со 3+ е Сандерленд – Милтон Кејнс. На полувреме беше 0:0, но во вториот дел се постигнаа три погодоци, од кои два беа во мрежата на Сандерленд.

СО СТОТЧЕ ДО ДОБИВКА ОД НАД 1.100 ЕВРА

Во Скопје, односно во Беверли, на 100 денари уплата добивката е 68.976 денари. Најголем дел од мечевите се одиграни на голови, и тоа во разни комбинации кои на крајот се покажаа како добитни.

- Оглас -

Најнови вести