Тренерот на Кјелце, легендарниот Талант Душебаев повеќе беше разочаран од постапките на навивачите на Вардар, отколку од поразот на неговиот тим, на гостувањето во „Јане Сандански“. Талант беше пречекан со транспарент на трибините на кој пишуваше „Талант пе*ер“, а неговиот син Алекс беше исвиркан од навивачите кои некогаш му аплаудираа. Свирешите за Алекс беа поради провокациите кои шпанскиот репрезентативец ги имаше на првиот меч на теренот на Кјелце.
„Алекс направи многу за Вардар. Не е убаво да исвиркуваш играч кој освоил многу трофеи и донел успеси во Македонија. Тоа е срамно. Во салата имаше и транспарент на кој пишуваше дека сум пе*ер, па јас би го повикал тој што дозволи таа парола да стои таму, да се појави пред мене и да се видиме маж со маж“, луто реагираше стратегот на Кјелце по средбата.
Вардаровиот тренер Парондо беше задоволен што е исполнет планот, а тоа е македонскиот првак да дојде до второто место во групата пред завршување на 2018 година.
„Среќни сме бидејќи победивме голем противник како што е Кјелце. Одлиравме одлични 50 минути, но потоа Кјелце покаѓа дека е опасен ривал. Го остваривме тоа што сакавме и дојдовме до двата планирани бода“, рече задоволно предводникот на Вардар по победата над Кјелце.