Талент е и има познато презиме – Мане ќе игра за Динамо Загреб најмалку до крајот на оваа сезона (Фото)

Динамо Загреб објави дека ќе го задржи Алмуајад Мане до крајот на сезоната, во интересен проект што го има хрватскиот првак со фудбалска школа од Саудиска Арабија.

Мане има славно презиме, велат дека е талент и ќе се обиде да се наметне во првиот состав на Динамо.

Има 20 години и е дефанзивец, од фудбалска школа во Саудиска Арабија што е под покровителство на Миинистерството за спорт на оваа земја.

https://twitter.com/SSDFT_EN/status/1494605812194549775?s=20&t=OjcOOF96rgPahc9bORVjVQ

Динамо има склучен договор со Саудиска Арабија и се очекува во наредниот период да пристигнат уште неколку фудбалери кои ќе се развиваат во познатиот хрватски клуб за кој сега играат капитенот Аријан Адеми и Стефан Ристовски, и двајцата репрезентативци на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести