38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Талент на Манчестер сити играше на два натпревари во ист ден

Младинскиот англиски репрезентативец, Кол Палмер, вчера имаше необична случка за која ќе им ја раскажува на своите внуци, а тоа е дека играше за Манчестер сити на два натпревари во ист ден.

Палмер кој има 19 години, со три гола придонесе за победата на У-23 тимот на Сити од 5-0 против Лестер, а веднаш потоа му се приклучи на првиот тим на Граѓаните, и во финишот на мечот против Барнли, влезе во игра на местото на Бернардо Силва.

Ретко се гледа некој да игра два меча во ист ден, а едниот да биде од Премиерлигата, но Пеп Гвардиола му го дозволи тоа на младиот фудбалер кај кого има огромна желба за играње.

За Палмер, ова не беше деби во првиот тим на Манчестер сити, тој има дадено и гол за првиот тим, на мечот од Лига купот против Вајкомб вондерерс минатиот месец.

- Оглас -

Најнови вести