Маркос Пауло, 20-годишниот крилен напаѓач од Бразил кој има португалски пасош, е првата летна аквизиција на шпанскиот првак Атлетико Мадрид. Пауло потпиша петгодишен договор со Јорганџиите како слободен играч, а до неодамна беше член на Флуминенсе.
Диего Симеоне додаде конкуренција во својот напад со талентираниот Пауло, кој минатата сезона запиша 24 настапи во бразилската Серија А, постигнувајќи три гола и исто толку асистенции. Моменталниот репрезентативец на У-20 селекцијата на Португалија ги покрива сите напаѓачки позиции, но најчесто игра по левата страна.
https://twitter.com/Atleti/status/1412056504753176581