Феран Торес е вистински јунак на младите Шпанци на возраст до 19 години и со два гола и ја донесе титулата европски првак на „Црвената фурија“, по победата против Португалија.
Финалето се играше во Ереван, а младиот напаѓач на Валенсија ги постигна двата гола за голем триумф и пат на вредниот пехар кон Шпанија.
Торес погоди првпат во 34. минута, а потоа со уште еден гол во 51. минута ја потврди европската круна за Шпанија. Со триумфот во финалниот меч новите европски шампиони ја симнаа Португалија од тронот.
Пред неполн месец Шпанците ја освоија континенталната титула за играчи до 21 година со победа против Германија со 2:1 во финалето во Удине и повторно успеаја да симнат уште еден европски првак од тронот.
Феран Торес