Талентот на Барселона е најмладиот стрелец во Топ 5 лигите во Европа

Барселона се намачи, но на крајот успеа да го победи Елче со 3:2. Барселона сега има 27 бодови од 17 меча и е на седмото место на табелата, со дури 15 бодови помалку од лидерот Реал Мадрид.

На вчерашниот меч, првиот гол во сениорската кариера го постигна талентираниот Гави. Момчето кое е родено на 5 август 2004 година имаше одличен соло продор и со прецизен шут од шеснаесетникот успеа да ја затресе мрежата.

Со овој погодок, Гави стана најмладиот стрелец во Топ 5 лигите за оваа сезона. Тој има само 17 години и 135 денови и е за речиси 100 дена помлад од Мохамед Али Чо кој сезонава даде гол за Анже во Франција.

И третото место на листата на најмлади стрелци е загарантирано за француски фудбалер. Лесли Угочу  со само 17 години даде гол за Рен.

- Оглас -

Најнови вести