Талентот на Работнички му донесе опстанок на Шибеник – Хит беше ВАР системот, поништи и пенал и црвен картон

Поранешниот играч и голем талент на Работнички Суад Сахити со победнички гол во 54. минута против Истра му донесе на Шибеник опстанок во Првата хрватска лига, а драматичниот меч во сенка го фрли ВАР системот.

Во 95. минута, одосно во судиското продолжение што траеше долго, над 10 минути, судијата покажа на белата точка за Истра и го исклучи дефанзивецот Вук.

Сепак потоа одлучи да ја провери ситуацијата и прекинот траеше цели 7 минути. По долго премислување пеналот беше поништен, со него и црвениот картон, а мечот заврши по 12-13 минути судидко продолжение со победа на Шибеник.

Сахити ја почна професионалната кариера во Работнички, каде играше три сезони од 2014 до 2017 година, а Шибеник му е шестти клуб во кариерата.

Интересно е што пред да пристигне во редовите на Римантичарите од Дебар Маало 26-годишниот напаѓач беше член на младинската Академија на Олимпик Марсеј, најтрофејниот француски клуб, заедно со Сент Етјен.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести