Талентот на Ремс одби топ-понуда од Њукасл за да игра со Мбапе

Големиот талент на францускиот фудбал, Уго Етиките е во завршни преговори за трансфер во Пари Сен Жермен и е блиску до исполнување на својата голема желба да игра заедно во ист тим со Килијан Мбапе.

Етиките кој е член на Ремс е во фокусот на трансфер пазарот во Франција и неговиот сегашен клуб и ПСЖ се во завршни преговори.

Младиот напаѓач, кој има 20 години истакна дека сака да игра во ист тим со најскапиот играч на светот, Мбапе и желбата речисис сигурно ќе му се исполни.

Ремс имаше понуда за него од Њукасл, но Етиките не сакаше да игра за англискиот премиерлигаш и чекаше шанса да се отвори можност за трансфер во ПСЖ.

Во 2020 година на 26 натпревари постигна 10 гола за Ремс, а потоа следната сезона играше во Данска, како позајмен играч за Вејле.

Иако неговиот татко е од Камерун, се одлучи да игра за Франција, земја во која е роден и тој и неговата мајка.

Има шест настапи за селекцијата на Триколорите до 20 години, а во Франција велат дека е голем талент и дека од него очекуваат многу во иднина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести