22.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Талентот на Вест хем се одлучи за Англија

Младиот дефанзивец на Вест хем, Деклан Рајс, се одлучи да игра за репрезентацијата на Англија. Дваесетгодишниот фудбалер ќе ги брани боите на „Гордиот Албион“, и покрај тоа што претходно ги помина сите младински селекции на Република Ирска.

Рајс има запишано и три настапи за сениорската репрезентација на Ирска, меѓутоа само на средби од пријателски карактер. Токму затоа имаше можност да донесе конечна одлука за која земја ќе настапува. Тој е роден во Лондон, но има корени од Ирска, па истакна дека не му било лесно да се одлучи.

Рајс сезонава е стандарден првотимец кај Мануел Пелегрини, а веќе има запишано 59 официјални настапи во дресот на „чеканите“. Со добрите партии Рајс стана трансфер желба на екипите од англиската „шестка“, а допрва ќе се создава трансфер сага околу идната англиска ѕвезда во подем.

 

- Оглас -

Најнови вести