Македонскиот репрезентативец Филип Талески останува во Вардар и за следната сезона. Левиот бек ќе го продолжи договорот на уште една година со актуелниот македонски првак со можност тој да се продолжи на уште една, а соработката наскоро ќе се официјализира.
Иако имаше повеќе понуди од домашни и странски екипи, некогашниот талент на Металург одлучи да го носи црвено-црниот дрес и во сезоната 2021/2022 како најдобра опција за него.
Талески ќе игра под нова команда во новата сезона, со оглед на тоа дека најавена е разделбата со Стевче Алушовски, а можеби вардаровата легенда Веселин Вујовиќ ќе му биде новиот кормилар.