Талески: Ќе се надигруваме со Данска како во Скопје, топката е тркалезна

Бекот на македонската ракометна репрезентација, Филип Талески, во пресрет на утрешниот дуел со Данска, на кој нашиот национален тим ќе го заврши настапот на Европско првенство, вели дека ќе се обидат да се надигруваат со големиот фаворит.

„Стојам зад тоа што го кажав и веднаш по мечот со Црна Гора, тоа што се случи беше наша срамна игра, но што е тука е, утре играме нов натпревар. Во Скопје одигравме добар натпревар против нив, победивме. Топката е тркалезна, можеби имаме шанси, но Данска во првите две кола покажа дека е моќна и дека атакува на злато. Ние ќе се подготвиме, одиме да се надигруваме како во Скопје. Сакаме првенството да го завршиме со една добра игра и борбено“, изјави Талески.

- Оглас -

Најнови вести