Талески откри кој го спречил да не го удри полицаецот од којшто доби пендрек во глава

Еден од најдобрите македонски ракометари, ако не и најдобар во моментов, Филип Талески, во јутјуб-поткастот „Лазаров“ раскажа детали од инцидентот во Охрид, кога по финалето на Купот беше удрен од полицаец со пендрек по главата.

Талески во прв момент сакал да му врати на полицаецот, но друг полицаец го спречил во таа намера.

„Искрено, сакав да вратам со иста мера, од Господ даден некој човек, колега негов ми рече ‘не прави глупост’, само тој збор ми го рече и јас одма се свестив, ми дојде во глава дека ако направам нешто, ќе бидам јас виновен. Изреагирав многу присебно. Потоа имаше вербален дуел, се гледа тоа и на снимката, јас му шепнав на уво, може и да кажам што, но ќе биде цензурирано. Го опцув јако. Можеби и нему му падна неубаво, видов дека изреагира така, но…

Мислам дека полицијата е тука да го штити народот, а не да го тепа. Ти си тука да нè вардиш и да нè чуваш, а ние сме тука да бидеме послушни. Така што во тој момент се почувствував лошо, а потоа по патот кога се враќавме накај Скопје. Се почувствував како запоставен од својата земја. Го носам со гордост дресот на Македонија бидејќи секогаш сум давал максимум, некогаш добро, некогаш лошо и си реков сè ќе направам за да одговара тој полицаец. Слушав дека сакал да ми се јави, да ми се извини, но не ми се јавил. Ако сака нека се јави, јас сум тука, ќе му простам“, вели Талески.

- Оглас -

Најнови вести