Талески промовиран во Бенфика: Македонскиот репрезентативец вели дека е добро запознаен со новиот клуб

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески ја започнува новата авантура во тимот на Бенфика. Талески во португалскиот тим дојде од екипата на Вардар и Бенфика ќе биде негов трет интернационален предизвик. Талески претходно има играно и во германските клубови Балинген и Рајн Некар.

„Голем клуб, голем град. Зборував со моите колеги Никола Митревски и Борко Ристовски и ми кажаа се за клубот. Секоја година се бори за трофеи и јас ќе дадам свој придонес во таа борба. Напорно работам, давам се од себе за да се остварат клупските цели. Знам дека Бенфика има многу фанови и важно е што ќе имаме супер поддршка на сите натпревари“, изјави Талески кој ќе го носи дресот со бројот 28.

- Оглас -

Најнови вести