Ракометната репрезентација на Македонија во моментов е на подготвки во Србија, во тренинг центарот на ФСС во Стара Пазова. Ракометарите заминаа некомплетни, но денес на тренинзите се приклучи Филип Талески, кој доцнеше поради клупски обврски со Бенфика, а во вторник се очекува да пристигне и голманот Никола Митревски, кој брани во Порто.
Македонија во Стара Пазова ќе одигра и еден контролен натпревар и тоа против селекцијата на Црна Гора, но во договор на двајцата селектори, тој меч ќе биде во нестандарден формат од три полувремиња по 30 минути.