Талески: Со оваа репрезентација мора да се има трпение

Македонија тргна со тежок и убедлив пораз од Шведска на ракометниот Мундијал, но слабиот старт веќе е заборавен, по што фокусот на избраниците на Данило Брестовац е насочен кон средбат со домаќинот Египет, која е закажана за утре во 18 часот.

Филип Талески, еден од играчите кои треба да бидат носители на репрезентацијата, посочи дека јавноста мора да има трпение бидејќи оваа селекција минува низ транзиција на нова генерација.

„Нема да бараме алиби и изговори за вчерашниот пораз. Едноставно не одигравме како што треба, ниту во нападот, а ниту во одбраната. Тоа што го договоривме не го реализиравме, а тоа не смее да се случи во дуелот против Египет. Верувајте ми дека и ние сакаме оваа репрезентација да победува веднаш, но треба да се има трпение. Осцилациите се видливи во создавањето на новата генерација. Ни останува да се фокусираме на она што следува, а тоа е мечот против Египет во кој ќе мора да покажеме многу подобра игра“, посочи Талески.

- Оглас -

Најнови вести