Талески во Вардар

Македонскиот репрезентативец Филип Талески се согласи на едногодишна соработка со актуелниот европски првак Вардар. Талески како слободен играч го засилува скопскиот гигант и е четврто засилување на Црвено-црните за новата сезона по Кантегрел, Јагуриновски и Санталов.

Некогашниот член на Металург од 2017 година играше во германската Бундеслига, како член на Рајна-Некар Левен, а подоцна и на Балинген, од каде што си замина пред еден месец. По пауза од три години, левиот бек повторно ќе настапува во домашното првенство, а секако е значајно засилување на Вардарци кои продолжуваат со составувањето за конкурентен тим во Лигата на шампионите за следната сезона.

Иако за Талески имаше интерес и од Еурофарм Пелистер, како и од Бенфика и Данкерк, ракометарот се одлучи за црвено-црниот дрес.

 

- Оглас -

Најнови вести