24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Талевски: Нема простор за потценување, одиме на нова победа против Ла Фиорита

Спортманија во Сан Марино, Трајан Маневски

Македонскиот претставник во квалификациите за Конференциската лига, Вардар, веќе се наоѓа во Сан Марино, каде што в четврток ќе го одигра реванш натпреварот од првото квалификациско коло против Ла Фиорита. Црвено-црните ја оправдаа улогата на фаворити на првиот меч во Скопје, каде што славеа убедливо со 3-0.

Пред возвратниот натпревар свое мислење изнесе голманот Давор Талевски, кој подвлече дека екипата и овојпат ќе атакува на победа.

„На дуелот гледаме како на нов почеток. Победата од првиот меч е само дополнителна мотивација да одиграме уште подобро во четврток и да го завериме пласманот понатаму. Станува збор за европски натпревари, каде нема простор за потценување – без разлика против кого играме, мораме да бидеме максимално фокусирани. Сега сме во Сан Марино и целото наше внимание е насочено кон Ла Фиорита. Ќе дадеме сè од себе за да ја исполниме зацртаната цел“, изјави Талевски.

Натпреварот Ла Фиорита – Вардар се игра во четврток, со почеток од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести