Кристијано Роналдо го следеше од трибините на „Мрсол“ стадионот во Ријад првиот меч на својот нов клуб Ал-Наср, а му се поклони на соиграчот Андерсон Талиска за двата победнички голови против Ал Тае на тешкиот терен.
Тревникот беше речиси целиот натопен со вода, а мечот вчера беше одложен поради невреме и силен дожд, кој паѓаше и денеска во Ријад, па теренот личеше на базен.
Сепак Роналдо беше на трибините и ги следеше своите соиграч за првпат и беше воодушевен од голгетерските квалитети на Талиска.
Бразилецот играше во Португалија, родната земја на Роналдо, но за Бенфика, екипа која е голем ривал на матичниот клуб на ЦР7, Спортинг Лисабон.
Сега ќе играат заедно во Ал-Наср, а реакцијата на Роналдо при првиот гол на Талиска денеска во победата од 2:0 можете да ја погледнете ОВДЕ.
Ако се биде в ред се очекува Роналдо да дебитира за лидерот во Саудиска Арабија на 22. јануари на меч со Ал Итифак, клуб чиј член е македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.