Турскиот гигант Фенербахче и саудискиот клуб Ал-Наср постигнаа договор за трансфер на Андерсон Талиска во Турција. Останува само да се финализираат деталите меѓу Талиска, неговиот агент и клубот, по што 30-годишниот Бразилец ќе стане играч на Фенербахче.
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, инсистираше на реализација на овој трансфер сакајќи да ја засили офанзивната линија во тимот за вториот дел од сезоната.
Талиска пристигна во Ал-Наср во летото 2021 година, каде на 104 натпревари постигна 76 голови и оствари 10 асистенции. Со овој трансфер, тој се враќа во Турција, каде што од есента 2016 до летото 2018 година настапуваше за Бешикташ.