Лалињата таман се расцутија во убав амбиент, им стигна нова забрана за фудбал со публика

Холандската Влада донесе сет заострени мерки во битката против ковид-19, а, за жал на фудбалските фанови, повторно ќе има забрана за присуство на стадионите.

Лалињата од стартот на новата сезона играа со ограничен број публика, секако со почитување на здравствените протоколи и со дистанца на трибините, но тоа траеше само три кола во Ередивизија.

Сега повторно има опасност од ширење на пандемијата со корона-вирус, па има подрастични мерки во сите сегменти, а не е изоставена и најважната споредна работа на светот.

Фудбалот ќе продолжи да се игра, но без навивачи на трибините и без добропознатиот амбиент на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам, на „Де Кајп“ во Ротердам, на стадионот „Филипс“ во Ајндховен и на сите останати фудбалски објекти во Холандија.

 

- Оглас -

Најнови вести