Мечот помеѓу Лудогорец и Шкендија заврши со истиот резултат како и во Скопје, 2-1 за домаќинот, па во Разград ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути. После лошото прво полувреме и водството на Лудогорец од 2-0, Шкендија одигра далеку подобро во вториот дел, а Фабрис Тамба во 64-тата минута погоди за намалување на водството на домашните на 2-1.
Статистички Лудогорец беше далеку подобар, но шансата на мечот ја имаше токму Сенегалецот, Фабрис Тамба, кој во 88-мата минута излезе очи во очи со голманот на Лудогорец, но неговиот удар со лоб заврши само сантиметри крај стативата.
Патникот во лигашкиот дел од Лигата на Европа ќе се одлучува на продолженијата од двапати по 15 минути или можеби на пенали.