31.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Тамба: Шкендија треба да игра во групна фаза во Европа

Македонскиот фудбалски првак Шкендија се пласира во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите откако синоќа по голема борба и дури 120 одиграни минути на арената „Тодор Проески“, со 2:1 го победи ТНС.

Големата победа на Шкендија ја најави Фабрис Тамба, кој погоди за 1:0. По мечот, Тамба беше пресреќен за постигнатиот успех, но најави дека Шкендија нема тука да застане во европските купови. Следен ривал на тетовски ќе биде тимот на СЦБС од Романија.

„Го постигнав својот прв гол во Европа по еден луд меч. Потоа примивме гол, и тоа во натпревар на којшто имавме тотална контрола, а потоа тој замина во сосема друг правец. Не се исплашивме, ниту се откажавме, напротив се боревме до последната 120-та минута и заслужено, со помош на Бога го добивме тоа што го посакувавме“, рече Тамба, а потоа продолжи.

„Среќни сме, но не сме задоволни. Сеуште не. Затоа што имаме уште многу мечеви за играње во Европа летово. Сакаме да испишеме историја со клубот. Сакаме да влеземе во групната фаза. Ако не е тоа, ЛШ нека биде која било друга групна фаза. Денес сме среќни, но пред нас имаме уште многу. Вечерва славиме, но веќе утре ќе мора да се вратиме на тренинг и напорно да работиме за следниот меч“, вели херојот на Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести