Тами Абрахам потпиша за Волчицата и го затвори кругот Челзи-Рома-Интер

Со комплетирањето на трансферот на напаѓачот Тами Абрахам од Челзи во Рома се затвори кругот од три клуба кои меѓу себе си продаваа и си купуваа голгетери.

Абрахам, кој во Рома ќе го носи дресот со бројот 9, доаѓа како замена за Един Џеко, кој премина во Интер. Од Интер во Челзи замина Ромелу Лукаку, па сите три клуба останаа без еден напаѓач, но доведоа друг.

Младиот Абрахам имаше вид на улога кај лондонските Сини додека тренер беше Френк Лампард, но по доаѓањето на Томас Тухел, минутажата значајно му се намали. Кога Челзи објави дека ќе го ангажира повратникот Лукаку, на Абрахам му стана јасно дека ако сака да игра, мора да си замине. Тој со Рома потпиша на пет години, а годишната плата ќе му биде 5 милиони евра. Во договорот има клаузула дека Челзи може во наредните пет години да го врати Тами во своите редови, но по цена од 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести