Колумбус блу џекетс – Тампа беј лајтнинг (Четврти натпревар, Колумбус води 3:0 – 01 часот)
Не дека не се случило во минатото, ама големо изненадување ќе биде ако лидерот од Источната конференција го заврши походот во разигрувањата уште по првата рунда. „Грмотевиците“ не удираат силно како претходно, а се чини дека Колумбус има супертактика како да ги спречи Кучеров и Стамкос.
Иако плејофот го започна како голем фаворит, Тампа беј е пред елиминација со „метла“, без да победи ниту еден меч во серијата против Колумбус. За да ги одржи „во живот“ шансите за пласман во следната фаза, вечерва мора да оствари позитивен резултат.
Предлог тип: 2 (2.20)
Питсбург пингвинс – Њујорк ајлендерс (Четврти натпревар, Њујорк води 3:0 – 01:30 часот)
Пингвините се во идентична ситуација како и Тампа беј, со нов пораз ќе се збогуваат со плејофот за оваа сезона. Сепак, за разлика од нив, Питсбург повторно игра пред домашна публика и има нова шанса да остане во игра. Но, нема да биде изненадување ако Њујорк запише нов триумф и со заслужен одмор да го чека подобриот од серијата меѓу Вашингтон и Каролина.
Предлог тип: 1 пол: (2.65)
Вегас голден најтс – Сан Хозе шаркс (Четврти натпревар, Вегас води 2:1 – 04:30 часот)
Вицешампионот ја надополни негативата и со две убедливи победи од 5-3 и 6-3 ја сврте серијата во своја корист против Сан Хозе. За да не биде случаен пласманот во минатогодишната финална серија, Вегас пред домашна публика ќе треба да ја преземе контролата во оваа рунда и да биде на чекор од конференциско полуфинале.
Сепак, „ајкулите“ беа фаворити на хартија пред почекотот на разигрувањата, така што не треба веднаш да се отпишат.
Предлог тип: >6,50 (2.20)
Tоронто репторс – Орландо меџик (Втор натпревар, Орландо води 1:0 – 02 часот)
Орландо со тројка во финишот од првиот меч го шокираше Торонто и испрати порака дека нема лесно да се откаже иако е аутсајдер во оваа рунда. Репторс, како и во изминативе неколку години, целат на самата завршница во разигрувањата, така што ново разочарување на домашен терен може да ги стави во незавидна позиција.
Потребно е Ленард и Сијакам повторно да бидат на високо ниво, а многу повеќе се очекува од Лаури, кој првиот меч го заврши без поени иако на паркетот помина повеќе од 30 минути.
Предлог тип: Т1 >111,5 (1.97)
Денвер нагетс – Сан Антонио спарс (Втор натпревар, Сан Антонио води 1:0 – 03 часот)
Иако Сан Антонио нема квалитетен тим како во изминативе години, Грег Попович е премногу искусен да дозволи за која било екипа да бидат лесна задача. Денвер уште во првиот меч го почувствува тоа на своја кожа, но неговите навивачи веруваат дека ноќеска Нагетс ќе дојдат до реванш и ќе ја вратат неизвесноста во оваа серија.
За тоа потребен е Никола Јокиќ и неговото издание од регуларниот дел од сезоната, кога без никакви проблеми постигнуваше 30 или повеќе поени. Српскиот центар оствари трипл-дабл во првиот меч, но не беа доволни скромните 10 поени.
Предлог тип: Т1 >107,5 (1.82)