Тампа беј по стапките на Монтреал од 1977 и Детроит од 1996

Тампа Беј лајтнинг славеше со 5-2 на гостувањето во главниот град на Канада кај Отава сенаторс и ја извојува 60-тата победа сезонава. Со ова, тимот од Флорида стана само третиот тим во историјата на хокеарската НХЛ-лига кој имал 60 победи во регуларната сезона. Другите два беа легендарниот Монтреал канејдиенс од 1977 и моќниот Детроит ред вингс од 1996 година.

До крајот на сезоната, на Тампа беј му остануваат уште три меча и ако ги добие сите три, ќе го надмине и рекордот на Детроит од 62 победи. Тимот за којшто настапува Стивен Стамкос, хокеар со македонско потекло, во своите редови го има и Никита Кучеров, Русинот кој е првиот по 13 сезони што имал 125 поени (29 гола и 96 асистенции) во една сезона.

Стамкос е еден од најдобрите играчи на „молњите“, а и против Отава се запиша во листата на стрелците, поставувајќи го конечниот резултат од 5-2.

РЕЗУЛТАТИ: Флорида – Вашингтон 5-3, Њу Џерси – Њујорк р. 4-2, Њујорк а. – Торонто 1-2, Отава – Тампа беј 2-5, Сент Луис – Колорадо 3-2, Чикаго – Винипег 3-4, Лос Анџелес – Калгари 2-7, Вегас – Едмонтон 3-1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести