Тандемот Ѓоковиќ и Циципас се сензацијата во Индијан Велс

Српско-грчкиот тандем Новак Ѓоковиќ/Стефанос Циципас, кои првпат играа заедно, ја оправдаа добиената вајлд-карта и приредија изненадување во игра на двојки на Мастерсот во Индијан Велс откако во првото коло со убедливи 6-3, 6-2 ги елиминираа Марсело Аревало и Матео Павиќ, кои беа трети носители и лански победници.

Само неколку часа пред овој меч, неуморниот Ѓоковиќ победи и во сингл. Во осминафиналето, парот кој на шега го нарекоа „Новакос и Стефановиќ“ ќе играат со Риндеркнеш и Вашеро.

Французинот Артур Риндеркнеш во сингл освои сет против Карлос Алкарас, но потоа Шпанецот убедливо ги доби наредните два сета и се пласира во следната рунда, каде што ќе се сретне со Каспер Руд. Алкарас уште нема загубено меч во 2026 година.

Ѓоковиќ во осминафиналето за противник ќе го има Џек Дрејпер. Ако го поминат ова коло и уште едно, првиот носител Алкарас и третиот Ѓоковиќ ќе играат еден против друг во полуфиналето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести