Таневски повеќе не е тренер на Академија Пандев

Александар Таневски повеќе не е тренер на Академија Пандев, денес потврди македонскиот прволигаш. Таневски си поднесе оставка по поразот на Пандевци од Борец во петтото коло од Првата лига на Македонија, што воедно беше четврти пораз за тимот од Струмица во досегашниот тек на првенството.

Секако, причина за отстапувањето од функцијата шеф на стручниот штаб се лошите резултати. Управата му се заблагодари за досегашната соработка со Таневски, кој го предводеше тимот до трофејот во Купот на Македонија во сезоната 2018/19.

- Оглас -

Најнови вести