Танкоски останува верен на Е. Пелистер

Управата на Еурофарм Пелистер и Марио Танкоски се согласија да ја продолжат соработката и во наредните две години.

Танковски, кој во Е. Пелистер пристигна пред три години, денеска потпиша нов договор со битолчани dо јуни 2025 година.

„РК Еурофарм Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека ракометарот Марио Танкоски потпиша нов договор со нашиот клуб заклучно со јуни 2025 година. Ова е продолжување на соработката со средниот бек за уште две сезони, со што клубот покажува континуитет и му укажува доверба на проектот и ракометарот. Тенденцијата најдобрите македонски ракометари да играат во нашиот дрес продолжува и во тој правец е следниот потпис. Танкоски дојде во Еурофарм Пелистер во пролетта 2020 година и со својот професионализам, пристап и човечност целосно се поклопува со клупските вредности“, соопшти битолскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести