Напаѓачот на Интер, Мехди Тареми, нема да игра на Светското клупско првенство, барем не во групната фаза, затоа што е заглавен во родниот Иран, каде има воен конфликт и меѓусебно бомбардирање на Израел и Иран.
Тареми нема начин како да отпатува во САД каде ќе се игра СКП, и тоа како и неизвесноста за неговата состојба внесуваат вознемирреност во Интер. Напаѓачот редовно се појавувал на аеродромот во Техеран, но летовите биле откажани од безбедносни причини, а сега целосно е затворен цивилниот аеродром и иранскиот воздушен простор.
Сепак, од Интер постојано биле во контакт со иранските власти и добиле уверување дека Тареми е добар и на безбедна локација.
После финалето на Лигата на шампионите, Тареми замина дома, сакаше да одмори со семејството, веројатно не ни помислуваше што може да се случи во Техеран.