Тата Мартино повторно ќе го тренира Меси

Аргентинскиот стратег Херардо Тата Мартино ќе биде новиот тренер на Интер Мајами за кого неодамна потпиша Лионел Меси. Клубот објави дека сите детали се договорени, и останува само да предаде документацијата во МЛС Лигата.

„Среќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Тата Мартино во Интер Мајами. Сметаме дека тој е тренерот кој може да ги реализира нашите амбиции и оптимисти сме дека заедно ќе оствариме големи резултати“, стои во дел од соопштението на Интер Мајами.

Тата Мартино и Лионел Меси имаат соработувано во минатото, и тоа во Барселона во сезоната 2013/14 како и во аргентинската репрезентација од 2014 до 2016 година.

Аргентинецот има искуство од работа во МЛС лигата во САД, од 2016 до 2018 година ја предводеше Атланта јунајтед со која во последната сезона триумфира во МЛС Купот.

- Оглас -

Најнови вести