Татко и син во продавница го славеа изедначувањето на Фенербахче (Видео)

Синоќешниот натпревар помеѓу Бешикташ и Фенербахче кој заврши 3-3, откако домашните по првото полувреме водеа со 3-0, очекувано донесе различни емоции кај фановите на двата големи истанбулски клубови. Во првите 45 минути, во транс беа оние навивачи на кои во срцето им се црната и белата боја, но тоа се смени по паузата и оние кои го поддржуваат тимот со дресови со жолта и сина боја, ги фати еуфорија бидејќи наместо да доживеат дебакл, избегнаа пораз, а можеа и да победат.

Турските медиуми објавија интересна снимка снимена од сигурносна камера во една локална продавница во малото гратче Дузџе. Татко и син, навивачи на Фенер, кои мечот го гледаа на телевизија додека беа на работното место, кога нивниот тим изедначи на 3-3, почнаа да скокаат од радост и да се прегрнуваат.

Погледнете го нивното славење на изедначувачкиот гол:

https://www.youtube.com/watch?v=HTLNBOc7R40

- Оглас -

Најнови вести